Загинати и повредени во руски воздушни напади во Одеса – DW – 14.06.2023
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Загинати и повредени во руски воздушни напади во Одеса

ЖА / дпа
14 јуни 2023

Во нов руски напад со крстосувачки ракети врз украинскиот пристанишен град Одеса на брегот на Црното Море загинале и се повредени повеќе лица.

https://p.dw.com/p/4SXlr
 Одеса Украина војна
Загинати и повредени во руски воздушни напади во ОдесаФотографија: State Emergency Service of Ukraine/REUTERS

Проектил од типот „Калибр“ удри во стовариште во Одеса и предизвика пожар, тројца вработени се убиени, а седум други се ранети, соопшти Врховната команда на украинските воени трупи- Југ денеска утрото на Фејсбук (14.06.2023), со напомена дека под урнатините на зградата можно е да се наоѓаат уште луѓе.

Одеса, врз која беше гаѓано од руски воен брод од Црното Море, постојано е мета на напади на Русите, во саботата исто така настрадаа повеќе луѓе во пожар предизвикан од проектил.

Утрово Русите испалија вкупно четири крстосувачки ракети од типот „Калибр“, прецизираше Врховната команда во Одеса. Како резултат на воздушна борба и серија експлозии, оштетени се еден деловен центар, зграда на образовна институција, станбен комплекс, како и продавници во центарот на градот, каде според првичните сознанија има најмалку шест повредени луѓе.

Командата на украинската воена авијација во Киев соопшти дека три од испалените четири проектили „Калибр“ се уништени, а четвртиот погодил цивилен објект. Во текот на ноќешните напади врз земјата се соборени девет од вкупно десет дронови, се вели од Киев.

Покрај тоа, од рускиот регион Ростов на Дон се истрелани шест крстосувачки ракети врз окупираната украинска област Доњецк, а последиците се истражуваат.

Во агресорската војна која Русија ја почна пред повеќе од 15 месеци против Украина, речиси секојдневно соседната држава е изложена на напади со дронови и ракети, низ земјата постојано се активираат сирените за воздушна опасност. Русија тврди дека цел на нападите се воени цели, но постојано проектили или остатоци од уништени воздушни објекти во акциите на противвоздушната одбрана ја погодуваат цивилната инфраструктура, смртно страдаат или се ранувани цивили.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи