Украина одбила нов голем воздушен напад врз Киев – DW – 25.05.2023
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина одбила нов голем воздушен напад врз Киев

СН/агенции
25 мај 2023

Украинската престолнина во текот на ноќта повторно беше цел на руски воздушни напади. Според воените власти во Киев, нападот бил „масивен“ а тревога од воздушни напади била прогласена и во други украински градови.

https://p.dw.com/p/4Rn4K
Чад се крева над Киев по рускиот воздушен напад на 18 мај. Синоќешниот напад бил 12 во месецов
Чад се крева над Киев по рускиот воздушен напад на 18 мај. Синоќешниот напад бил 12 во месецовФотографија: REUTERS

Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во главниот град целосно одбила уште еден „масивен“ напад од руски беспилотни летала, „дванаесетти“ во мај.

Русија „повторно го нападна Киев од воздух“, напиша на Телеграм Серхи Попко, шеф на цивилната и на воената управа на Киев, додавајќи дека воздушната тревога во градот траела повеќе од три часа.

„Според првичните податоци во овој 'масивен' напад учествуваа беспилотни летала од типот Шахид“, наведе тој.

Ирански дронови од типот Шахид
Ирански дронови од типот ШахидФотографија: Iranian Defence Ministry/AFP

„Ангелите чувари на Украина не му дадоа шанса на агресорот. Сите воздушни цели кои летаа кон Киев беа соборени од нашата противвоздушна одбрана“, рече тој.

Сличен напад на градот имаше и пред четири дена, потсети Попко, кој во мај преброја дванаесет офанзиви на градот.

Во текот на ноќта, воздушна тревога била прогласена и во други градови, како во Харкив на исток и во Черновци на запад, соопштија властите.