Мета со забрана за руски државни медиуми – DW – 17.09.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиСоединети Американски Држави

Мета со забрана за руски државни медиуми

СН/агенции
17 септември 2024

Раша Тудеј (РТ) и други руски државни медиуми се забранети на Фејсбук, Инстаграм и Вотсап ширум светот. Матичниот концерн од САД, Мета со тоа презема мерки против дезинформациите и руската пропаганда.

https://p.dw.com/p/4khOy
Мета вели дека руските државни медиуми се вклчено во активност на „странско мешање“
Мета вели дека руските државни медиуми се вклчено во активност на „странско мешање“Фотографија: Arnd Wiegmann/REUTERS

Компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук и на Инстаграм, ја најави забраната за РТ и други државни медиуми од Русија, наведувајќи ја наводната вмешаност на медиумите во операции за странско мешање.

„По внимателно разгледување, ги проширивме нашите тековни мерки против руските државни медиуми“, рече портпаролот на Мета во понеделникот, 17 септември, 2024. 

„Расија Сиводња, РT и други поврзани субјекти сега се глобално забранети во нашите апликации поради активности на странско мешање.“

Забраната на Мета, која ќе се воведе на Фејсбук, Инстаграм, ВотсАп и на Тредс, доаѓа неколку дена откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави санкции против РT и другите медиуми под контрола на Москва.

Администрацијата на Бајден, исто така, најави отпочнување на дипломатски напори за алармирање на меѓународната заедница за, како што ја опишаа американските претставници, улогата на РТ како „полноправен член на разузнавачкиот апарат“.
„Нашиот најмоќен противотров за руските лаги е вистината“, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен за новинарите во петокот.

„Тоа фрла силно светло на она што Кремљ се обидува да го направи под закрила на темнината.“

Министерство за правда на САД, претходно месецов обвини двајца вработени во РT за наводни шеми за тајно финансирање на десничарската медиумска компанија со седиште во Тенеси, со цел да се поттикнат политички поделби.

РT, која пред објавувањето на забраната имаше 7,2 милиони следбеници на Фејсбук, не одговори веднаш на барањето за коментар, но претходно ги исмеваше акциите на САД против нив.

Раша Тудеј - перјаница на руската пропаганда
Раша Тудеј - перјаница на руската пропагандаФотографија: Muhammed Ibrahim Ali/IMAGESLIVE via ZUMA Press Wire/picture alliance