САД ја обвинија Русија за мешање во претседателските избори – DW – 5.09.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД ја обвинија Русија за мешање во претседателските избори

ЖА
5 септември 2024

Американската влада ја обвинува Русија за мешање во претседателските избори. И американски инфлуенсери несвесно одиграле улога во тоа. Вашингтон сега реагира со санкции против руската државна телевизија РТ.

https://p.dw.com/p/4kIA0
Министерот за правда на САД, Мерик Гарланд
Министерот за правда на САД, Мерик ГарландФотографија: Tasos Katopodis/UPI/newscom/picture alliance

САД ја обвинија Русија дека се обидува да влијае на претседателските избори со насочени дезинформации. Кремљ преку своите државни медиуми меѓу другото успеа да постигне влијателни инфлуенсери од САД несвесно да ја преземат руската пропаганда, изјави министерот за правда Мерик Гарланд. Затоа беа воведени санкции, поднесена е кривична пријава и наредба да се одземат интернет домени.

Засегнати се претставниците на руската државна телевизија РТ. Гарланд истакна дека внатрешниот круг околу рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските ПР фирми да „промовираат дезинформации и наративи спонзорирани од државата како дел од кампањата за влијание на претседателските избори во САД во 2024 година“.

Министерството за финансии на САД соопшти дека актерите поддржани од руската држава долго време користат различни алатки, како што се вештачка интелигенција, т.н. длабоки фалсификати и насочени дезинформации, за да ја поткопаат довербата во процесите и институциите поврзани со изборите во САД.

Погодени од казнените мерки се главната уредничка на RT, Маргарита Симонјан, како и други луѓе од менаџерскиот тим на каналот. Како резултат на санкциите, сите средства на засегнатите ќе бидат замрзнати во САД, а на граѓаните на САД им е забрането да прават бизнис со нив. И дејствувањето во меѓународниот бизнис, поради санкциите ќе стане значително потежок за оние кои се погодени од нив.

Ова не се први обвинувања од ваков вид: Според официјалните американски власти, Москва веќе се мешала во претходните американски избори. Според американските разузнавачки агенции, Русија водела кампања за републиканецот Доналд Трамп на изборите во 2020 година и се обидела да му наштети на демократот Џо Бајден. Според објавениот разузнавачки извештај, Москва сакала да влијае на исходот на изборите и да сее раздор во земјата.

Според американските безбедносни власти, Русија интервенирала и на изборите во 2016 година во корист на кандидатот Трамп со цел да ја запре демократката Хилари Клинтон. Подоцна специјален истражител го истражуваше можниот незаконски дослух меѓу Русија и тимот на Трамп, но немаше доволно докази за ова.