Четворица астронаути од ИСС се вратија на Земјата – DW – 9.11.2021
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четворица астронаути од ИСС се вратија на Земјата

Штефан Штикелман
9 ноември 2021

По шест месеци поминати на Меѓународната вселенска станица ИСС, четворица астронаути се вратија на Земјата.

https://p.dw.com/p/42knQ
USA | Rückkehr der SpaceX Crew au die Erde
Фотографија: NASA/AP/picture alliance

Вселенската капсула „Змај“ на приватната компанија SpaceX слета во Мексиканскиот Залив, пред брегот на американската сојузна држава Флорида. Брод кој беше „паркиран“ во околината потоа ја извлече капсулата од вода, а астронаутите беа префрлено на копно со хеликоптер.

Французинот Томас Песке, американските астронаути Шејн Кимброу и Меган Мекартур, како и Јапонецот Акихико Хошиде, поминаа половина година на ИСС. Тие ја напуштија вселенската станица пред планираното пристигнување на ИСС на германскиот астронаут Матијас Маурер и тројца други астронаути. Во моментов на станицата се останати двајца руски космонаути и еден американски астронаут.

Првично, спуштањето на Земјата беше предвидено за неделата (7.11), но беше одложено поради лошото време. На враќање кон Земјата екипажот морал да помине без функционален тоалет, кој се расипал. Затоа тие носеле некаков вид „пелени“, објасни Мекартур на прес-конференција. „Но, патувањето во вселената носи многу мали предизвици и ние сме подготвени да излеземе на крај со нив“, додаде тој.