Пожарите го пеплосаа кампот во кој се снимаа филмови – DW – 21.07.2022
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаФранција

Пожарите го пеплосаа кампот во кој се снимаа филмови

21 јули 2022

Кампот во југозападна Франција, во кој неколку години се снимаа филмовите од трилогијата „Кампинг“ со Франк Дубоск, е претворен во пепел.

https://p.dw.com/p/4ER8U
Frankreich Waldbrände in Gironde
Фотографија: Thibaud Moritz/abaca/picture alliance

Пожарите во Франција уништија повеќе кампови во југозападна Франција, меѓу кои и кампот „Сини бранови“ во близина на Жиронд. Тој беше кулиса за филмовите кои раскажуваа за авантурите на Патрик Ширак, кого го глумеше Франк Дубоск. Оваа трилогија се снимаше во периодот од 2006 до 2016 година.

Кампот се наоѓа во регион во југозападниот дел на Франција, кој е тешко погоден од пожари. Во посета на регионот вчера беше и францускиот претседател Емануел Макрон. Тој најави дека на опожарените површини ќе бидат повторно брзо засадени растенија и побара подобра превенција од пожари и подобри мерки за заштита.

Пожарите кои беснеат повеќе од една недела во регионот јужно од Бордо досега уништија над 20.600 хектари земја, односно површина колку што отприлика има градот Штутгарт. Од почетокот на пожарите досега се евакуирани околу 36.750 лица.