Тоше Проески се избори за пласман во финалето на Песната на Евровизија – DW – 13.05.2004
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тоше Проески се избори за пласман во финалето на Песната на Евровизија

13 мај 2004

Европа политички се обединува и шири, но во една област таа одмана не знае за граници – во натпреварувањето за песната на Евровизија. Балканските земји се, главно, на листа на чекање за влез во ЕУ, но на годинашниов Евросонг како го диктираат тонот.

https://p.dw.com/p/Af0a

Тоше Проески успеа да ја внесе Македонија во финалето на Евросонг, Балканот покажа дека не мора да асоцира само на грди работи како војни и убиства, криминал со дроги и трговија со бело робје, туку и на благородните – како песната. Меѓу 10-те песни, што публиката во Европа со телефонско гласање синоќа ги одбра од 22-те претставени во квалификациите, шест се од земји на Балканскиот полуостров – покрај Македонија, уште и Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија и Грција. Освен тоа, домаќинот Турција, минатогодишен победник, и Романија како една од 10-те првопласирани земји од ланскиот фестивал, се меѓу директните учесници.

В сабота во финалето во Истанбул, значи, ќе се натпреваруваат десетте најдобри земји од минатогодишниот Евросонг, десетте најдобри од квалификациите, како и Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија како постојани учеснички на изборот за Песна на Евровизија.