Системот Ердоган ја укинува слободната мисла – DW – 7.03.2016
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Системот Ердоган ја укинува слободната мисла

Рајнер Херман (ФАЦ) / превод: БГ7 март 2016

Системот Ердоган ја укинува правната држава, а последната жртва е весникот „Заман“, најтиражниот весник во Турција. На Ердоган му е сеедно што мисли светот за него. Коментар во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

https://p.dw.com/p/1I8am
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Altan

Така функционира системот Ердоган: прво тој именуваше десетина судии за т.н. „мировни судии“, ги инсталираше во обвинителството и ги прогласи нивните одлуки за неоспорливи. Сега е доволно тие судии во обвинението да запишат „осомничен за тероризам“ или „осомничен за шпионирање“, и вратата на произволноста е целосно отворена. Со оглед на тоа што Ердоган со задоволство ги прогласува критичарите за „терористи“, а новинарите ги обвинува за „шпионирање“, со „мировните судии“ тој добива инструмент, со кој ги отстранува неподобните и различно мислечките.

Системот Ердоган ги укинува правната држава и слободата на мислата. Најновата, но сигурно не и последна жртва на неговото владеење е „Заман“, весникот со најголем тираж во Турција. Полицијата го окупираше последниот бастион на слободниот печат со помош на солзавец и водени топови. Како светот гледа на потезите на Ердоган, нему му е сеедно. Бегалската криза него го направи неопходен за Европа, а во земјата никој не може да му се спротивстави на автократот. Еден партнер од доверба изгледа поинаку.

Рајнер Херман (ФАЦ) / превод: БГ

Copyright: Frankfurter Allgemeine Zeitung GmbH, Frankfurt am Main