ЕЦБ: Историско зголемување на основната каматна стапка – DW – 21.07.2022
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ: Историско зголемување на основната каматна стапка

ЕМФ | агенции
21 јули 2022

Европската централна банка донесе одлука за зголемување на каматите, прво по 11 години. Причина - рекордната инфлација.

https://p.dw.com/p/4ETVJ
Bildgalerie 50 Jahre Römische Verträge I Symbolfoto Eurokrise
Фотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture alliance

Со оглед на значително зголемената инфлација, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за невообичаено силно зголемување на основната каматна стапка - од нула на 0,5 проценти. Ова е прво зголемување на основната каматна стапка од 2011 година. Освен тоа, донесена е и одлука со која банките сега ќе можат во ЕЦБ да го „паркираат“ вишокот пари без да мора да плаќаат негативни камати.

„Советот на ЕЦБ, во процесот на нормализација на основната каматна стапка, процени дека треба да се направи поголем прв чекор отколку што беше сигнализирано на неговата последна седница“, соопшти Европската централна банка.

Оттаму се најавуваат и други чекори - на наредните седници ќе се преземат мерки за натамошна нормализација на монетарната политика.

Денешната одлука на ЕЦБ се смета за историска. Таа доаѓа по ера на улта-лабава монетарна политика. Рекордната инфлација во еврозоната ја натера централната банка да направи невообичаено остар маневар. Таа стреми кон инфалциска цел од 2%, а инфлацијата, поттикната пред сѐ од војната во Украина, во моментов изнесува околу 8,6%.

- повеќе: Каматниот пресврт на ЕЦБ доаѓа (пре)доцна

ЕЦБ постигна согласност и за нова кризна програма, со која ќе може да им помага на високо задолжените држави како Италија при турбуленции на финансиските пазари. Новиот инструмент треба да помогне монетарната политика да делува еднакво во целата еврозона и да не дојде до претекување на финансиските трошоци на одделни евро-држави. ЕЦБ кризната програма ја смета за алат против фрагментација на еврозоната.