Авион се урна во населба во Карачи – DW – 22.05.2020
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Авион се урна во населба во Карачи

ЕМФ | агенции
22 мај 2020

Патнички авион со веројатно повеќе од сто патници и членови на екипажот се урна во густо населена населба во градот Карачи.

https://p.dw.com/p/3ccRF
Pakistan Karatschi | Flugzeugabsturz
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Hassan

Во авионот кој денеска се урна во Карачи, според досегашните сознанија имало 99 патници и 8 членови на екипажот, соопшти портпарол на воздухопловните власти во Пакистан. На снимките од местото на несреќата се гледаат црни облаци од чад кои се издигаат над густо населена населба.

Патничкиот авион на авиокомпанијата ПИА (Pakistan International Airline) доаѓал од Лахоре, вториот по големина град во земјата. Агенциите јавуваат дека се урнал непосредно пред слетувањето. Урнати се неколку објекти. Еден очевидец тврди дека авионот кружел три пати над населбата пред да се урне. Според наводи на пакистанската армија, членови на специјалните сили стигнале на местото на несреќата за да им пружат помош на спасувачките екипи.

Symbolbild Pakistan Absturz eines Flugzeuges in Karachi
Авиокомпанијата ПИА соопшти дека авионот доаѓал од ЛахореФотографија: AFP/F. Naeem

По паузата поради корона-кризата, авиосообраќајот во Пакистан беше повторно воспоставен пред неколку дена. Поради претстојниот празник Рамазан Бајрам во моментов многу луѓе патуваат до своите родни места во Пакистан.