Виктор Орбан во „мировна мисија“ во Кина – DW – 8.07.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУнгарија

Виктор Орбан во „мировна мисија“ во Кина

СН/агенции
8 јули 2024

Со посета на Пекинг, унгарскиот премиер Орбан ја продолжува својата самопрогласена „мировна мисија“. Неговите претходни посети на Украина и на Русија предизвикаа критики од повеќе страни.

https://p.dw.com/p/4hzg0
Кинескиот претседател Ши Џинпинг (десно) и унгарскиот премиер Виктор Орбан (лево) во Пекинг  разговаралеза „теми од заеднички интерес“
Кинескиот претседател Ши Џинпинг (десно) и унгарскиот премиер Виктор Орбан (лево) во Пекинг разговаралеза „теми од заеднички интерес“Фотографија: China Daily via REUTERS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Кина во рамките на својата самопрогласена „мировна мисија“. „Мировна мисија 3.0“, напиша Орбан во понеделникот на онлајн платформата  Х  над фотографијата на која е прикажан по слетувањето во Пекинг. 

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Орбан се среќава со претседателот Ши Џинпинг на разговори за „прашања од заеднички интерес“. Во меѓувреме, кинеските медиуми јавија дека Орбан се сретнал со Ши и меѓудругото разговарал со него и за војната во Украина. „Освен од Русија и од Украина, крајот на војната зависи од трите светски сили, САД, ЕУ и Кина“, објави, пак, Орбан на Фејсбук, над фотографијата на која се ракува со Ши Џинпинг. 

Ракување на Орбан и Ши во Пекинг на 8 јули, 2024
Ракување на Орбан и Ши во Пекинг на 8 јули, 2024Фотографија: China Daily via REUTERS

Во изминатите неколку дена, унгарскиот претседател веќе имаше ненадејни патувања во Украина и во Русија. И неговото патување во Москва, Орбан исто така го опиша како „мировна мисија“.

Ова е значи трето изненадувачко патување на Орбан во странство откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на почетокот на јули. Тој претходно ги посети Киев и Москва. Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин неколку дена откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, предизвика критики од ЕУ и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Белата куќа исто така изрази критика. Орбан рече дека признава дека нема мандат од ЕУ да патува во Москва, но дека мир не може да се постигне „од удобна фотелја во Брисел“.

Средбата на Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 5 јули, 2024 година предизвика бран критики од ЕУ, НАТО и САД
Средбата на Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 5 јули, 2024 година предизвика бран критики од ЕУ, НАТО и САДФотографија: Valeriy Sharifulin/SNA/IMAGO

И покрај војната во Украина, унгарскиот премиер продолжува да одржува блиски односи со Москва и се противи на заедничката позиција на ЕУ. Тој постојано ги блокираше и одложуваше санкциите против Русија и финансиската помош на ЕУ за Киев. Тој, исто така, го критикуваше отворањето на пристапните преговори на Украина со ЕУ.

За време на десничарската влада на Орбан, Унгарија стана и важен трговски и инвестициски партнер за Кина. Ова е во спротивност на другите земји од ЕУ кои бараат помала зависност од втората по големина економија во светот.