Упад во владината зграда во Бангладеш– премиерката побегнала – DW – 5.08.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБангладеш

Упад во владината зграда во Бангладеш– премиерката побегнала

ЖА
5 август 2024

Демонстранти упаднаа во палатата на премиерката по насилните судири за време на протестите во Бангладеш. Воен претставник објави нејзина оставка. Хасина веќе ја напуштила земјата

https://p.dw.com/p/4j7W7
Насилни демонстрации во Дака, Бангладеш
Насилни демонстрации во Дака, БангладешФотографија: Abu Sufian Jewel/ZUMA Press Wire/IMAGO

Во Бангладеш демонстранти упаднале во официјалната резиденција на премиерката Шеик Хасина. На телевизиските снимки се гледа како илјадници луѓе влегуваат во владината палата во главниот град Дака. Малку подоцна, воен претставник објави нејзина оставка. Хасина наводно веќе ја напуштила земјата и  побегнала во Индија со хеликоптер.

Од минатиот месец, Хасина се соочи со масовни протести и повици за нејзина оставка, кои постојано доведуваа до жестоки судири, во кои загинаа најмалку 300 луѓе.

Со денови во Бангладеш протестираат студентите
Со денови во Бангладеш протестираат студентитеФотографија: Middle East Images/AFP via Getty Images

Минатиот месец студентите излегоа на улиците за да протестираат против правилата за квоти за распределба на работните места во јавниот сектор. Ова ескалираше во протести против премиерката Хасина, која обезбеди четврти последователен мандат на функцијата на изборите во јануари. Опозицијата го бојкотираше гласањето.