Турција: Собиралиште за меѓународната мафија – DW – 26.11.2022
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалТурција

Турција: Собиралиште за меѓународната мафија

Бурак Унверен | Алиџан Улудаг
26 ноември 2022

Организираните картели од Балканот, од Кавказот и од арапскиот свет ја открија Турција како оперативна област. Ова не се должи само на географската положба на земјата како мост кон Европа.

https://p.dw.com/p/4JtIK
Турската полиција честопати е беспомошна во однос на меѓународните криминални структури
Турската полиција честопати е беспомошна во однос на меѓународните криминални структуриФотографија: picture-alliance/dpa/V. Moilanen

Долго време беше баран со меѓународна потерница, а на 4 ноември во Истанбул беше уапсен осомничениот српски нарко бос Жељко Бојаниќ. Тој бил таму со фалсификуван пасош. Неговото апсење предизвика бурни реакции, меѓу кои и од Кемал Киличдароглу. „Сите мафијашки ѓубриња во светот дојдоа во нашите градови“, напиша на Твитер лидерот на турската опозиција веднаш по апсењето на Бојаниќ. И продолжи со директна порака до картелите: „Оставете ги нашите градови. Ќе ве уништиме. Земете ги вашите валкани пари со вас и заминете си“.

Навистина, со години наназад постојано има индикации дека многу водачи и членови на меѓународни криминални организации засилено ја користат Турција како база. Многу убиства кои укажуваат на афери поврзани со мафијата се извршени во Турција во последните години. На пример, на 7 септември годинава во Истанбул беше убиен српскиот криминалец Јован Вукотиќ. Тој важеше за шеф на една од најозлогласените нарко банди на Балканот. Во 2018 година, шефот на грузиската мафија Гајоз Звијададзе беше убиен во Анталија.

Истата година, иранскиот трговец со дрога Наџи Шарифи Зиндашти беше уапсен за убиство во Истанбул. Во меѓувреме беше ослободен и оттогаш е во бегство. Азербејџанскиот криминалец Али Гамидов беше убиен во луксузна вила во Истанбул во 2013 година. Осомничениот, Ровшен Каниев, беше водач на друга азербејџанска криминална организација. И тој беше убиен во Истанбул во 2016 година. За неговото убиство е осомничен неговиот сонародник Надир Салифов, кој пак беше убиен во 2020 година.

Иранскиот нарко бос Начи Шерифи Зиндашти во моментов е во бегство од турското правосудство
Иранскиот нарко бос Наџи Шерифи Зиндашти во моментов е во бегство од турското правосудствоФотографија: ANKA

Сите доаѓаат во Истанбул... вклучувајќи ја и мафијата 

Меѓутоа, зошто Турција стана вакво собиралиште за криминални организации? Ханефи Авџи е поранешен началник на полицијата во градовите Едрене и Ескисехир. Тој во разговорот за ДВ ја посочува големината на Истанбул: официјално во градот живеат повеќе од 16 милиони луѓе. „Луѓето се многу мобилни“, вели Авџи. „Секакви луѓе доаѓаат тука - вклучувајќи ги и оние кои припаѓаат на организираниот криминал“, вели тој. Во последните години се зголеми присуството на странски мафијашки картели, „главно од постсоветскиот регион, од Балканот или од арапскиот регион“. 

„Најактивните криминални организации во Турција се оние од Балканот и од Кавказ“, потврдува новинарот Тимур Сојкан во разговорот за ДВ. Сојкан пишува за дневниот весник БирГун, кој е поврзан со синдикатите. Според него, Турција станала заден двор на балканската мафија. Географската положба на земјата овде игра централна улога, бидејќи тука се преклопуваат различни патишта за трговија со дрога. И британскиот историчар Марк Галеоти пред десет години напиша дека локацијата на Турција „ја прави земјата идеален мост до и од Европската унија“ за организираниот криминал. 

Слабата демократија ја охрабрува мафијата 

Џеват Онеш, поранешен заменик-шеф на турската тајна служба
Џеват Онеш, поранешен заменик-шеф на турската тајна службаФотографија: Necati Savas

Не само географските, туку и политичките околности играат значајна улога. „Во каква средина сакаат да дејствуваат криминалните организации?“, прашува Џеват Онеш, поранешен заменик-шеф на турската тајна служба МИТ, во интервју за ДВ, и самиот го дава одговорот: „Онаму каде што нема владеење на правото, нема функционален правен систем, односно онаму каде тие самите можат да се поврзат со државните институции“.

Меѓу другото, Онеш укажува на недостатокот на владеење на правото и на ослабената демократија во Турција. „Во Турција се развија некои неповолни околности. Соочени сме со структури кои не можат лесно да се регулираат или да се изведат пред суд“, вели Онеш. „Кога неправната држава и неказнивоста се продлабочуваат во Турција, мафијашките групи сѐ повеќе ја гледаат земјата како поволен простор за нивните активности. Овие криминални организации ја гледаат Турција не само како мост, туку и како локација за нивните активности“.

И Сојкан нагласува дека странските криминални организации се свесни оти во Турција владее неказнивост. „Можете да видите дека речиси и не се преземаат правни мерки против мафијашки структури“, вели Сојкан.

Онеш упатува на шпекулациите дека мафијата и турската држава негуваат тајни врски. Тоа ги олеснува активностите на мафијата во Турција. Оваа мрежа меѓу државата и организираниот криминал неодамна ја разоткри мафијашкиот бос Седат Пекер на многу ефикасен начин преку социјалните мрежи. Поранешниот сојузник на владата на АКП до неодамна објавуваше видеа и твитови во кои инкриминираше високи владини функционери.

Откритијата на Седат Пекер го свртеа вниманието на турската јавност кон криминалните мрежи на турската мафија
Откритијата на Седат Пекер го свртеа вниманието на турската јавност кон криминалните мрежи на турската мафијаФотографија: REİS SEDAT PEKER/Youtube

„Тајната служба мора да дејствува“

Затоа, набљудувачите го критикуваат и недостигот од мониторинг на странски криминални организации од страна на владиниот апарат. „Всушност, државата треба многу внимателно да ги следи овие луѓе и да преземе превентивни мерки“, вели Авџи. Тој смета дека обврската лежи и кај тајната служба, која сепак ја занемарува оваа задача поради другите актуелни политички случувања. И меѓународната мафија не се смета за најголема закана поради нејзините многубројни врски со државата, поради што се издвојуваат помалку средства за борба против неа: „Тајната служба работи во договор со владата“, вели Авџи. Таа претпочита да се концентрира на безбедноста на земјата загрозена од тероризмот - и тоа не само поради неодамнешниот бомбашки напад на популарната трговска улица во Истанбул. 

Италијанските мафијашки куќи

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи