Турција го блокираше Инстаграм – DW – 2.08.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Турција го блокираше Инстаграм

ЕМФ | агенции
2 август 2024

Турските власти ја блокираа социјалната мрежа Инстаграм. Официјални причини не се наведени, но се шпекулира дека тоа е поврзано со смртта на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија.

https://p.dw.com/p/4j2OE
инстаграм социјални медиуми
Фотографија: Niklas Graeber/dpa/picture alliance

Платформата Инстаграм е блокирана во Турција. Социјалната мрежа беше блокирана со одлука на 2-ри август, јави турската државна новинска агенција ДХА, повикувајќи се на турската Служба за информатичка и комуникациска технологија. Сè уште не се познати официјалните причини за одлуката и очекуваното времетраење. Провладиниот весник „Сабах“ објави дека пристапот е блокиран затоа што Инстаграм избришал објави од турски корисници кои изразувале сочувство поради убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.

Портпарол на Ердоган го обвини Инстаграм за цензура

Директорот за комуникации на Турција, Фахретин Алтун, во средата (31.07) на мрежата Х го обвини Инстаграм за блокирање на изразите на сочувство за Ханија. Тој ја обвини платформата за цензура.

Турција за денеска прогласи ден на национална жалост поради смртта на Ханија, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоганна платформата Х. Турција одржува добри односи со милитантниот исламистички Хамас, кој Ердоган постојано го опишува како ослободителна организација. Турскиот претседател се сретна со Ханија во април во Истанбул. Односите помеѓу Турција и Израел во моментов важат за исклучително тензични.

Сајбер активист го нарекува блокирањето „самоволно“

Во утринските часови, корисниците во Турција до Инстаграм, кој многу се користи и во оваа земја, можеа да пристапат до платформата само преку заштитени мрежни врски (VPN). Активистот за сајбер права Јаман Акдениз на платформата X напиша дека причината била „националната безбедност и заштитата на јавниот ред“. Тој го критикуваше затворањето како самоволно.