Трамп смее да се врати на Фејсбук и на Инстаграм – DW – 26.01.2023
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиСоединети Американски Држави

Трамп смее да се врати на Фејсбук и на Инстаграм

СН/агенции
26 јануари 2023

По неговиот профил на Твитер, поранешниот американски претседател Трамп ги добива назад и своите профили на Фејсбук и Инстаграм. Сепак, не е јасно дали републиканецот ќе го искористи тоа.

https://p.dw.com/p/4MhrG
Доналд Трамп, своите погледи на светот, повторно ќе може да ги споделува на Фејсвук и на Инстаграм
Доналд Трамп, своите погледи на светот, повторно ќе може да ги споделува на Фејсвук и на ИнстаграмФотографија: Mandel Ngan/AFP

Компанијата Мета соопшти дека ќе му дозволи на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, да се врати на Фејсбук и на Инстаграм, по двегодишна забрана за пристап на овие платформи.

Мета ќе му дозволи на Трамп да се врати „во наредните недели“, но „со нови заштитни огради, кои ќе спречат повторување на прекршоците“, напиша претседателот за глобални работи, Ник Клег.

„Како и секој друг корисник на Фејсбук или на Инстаграм, господин Трамп ќе подлежи на стандардите на нашата заедница“, напиша Клег.

Шефот на корпорацијата Мета, Марк Закерберг, му забрани на Доналд Трамп пристап до неговите онлајн платформи на две години.
Шефот на корпорацијата Мета, Марк Закерберг, му забрани на Доналд Трамп пристап до неговите онлајн платформи на две години.Фотографија: Eric Risberg/AP/picture alliance

Тој нагласи дека во случај ако Трамп објави содржини кои ги крашат правилата, тие ќе бидат отстранети и ќе биде суспендиран на период меѓу еден месец и две години, во зависност од тежината на кршење на правилата.

На Трамп му беа суспендирани профилите на Фејсбук и на Инстаграм од страна на платформата Мета по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Иако е нејсно дали поранешниот претседател на САД повторно ќе почне да објавува на оваа платформа, во писмото кое неговиот штаб го испрати до Мета е навестено дека има желба да се врати.

„Веруваме оти забраната на налогот на претседателот Трамп на Фејсбук драматично го искриви и го инхибираше јавниот дискурс“, се наведува во писмото.

Трамп на објавата на Мета одговори со куса изјава на платформата Трут Соушал велејќи дека „такво нешто не би требало да му се повтори на актуелниот претседател“, но не наведе дали некогаш и кога ќе се врати на платформата.