Нови, мистериозни експлозии на Крим – DW – 16.08.2022
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови, мистериозни експлозии на Крим

БГ /АП
16 август 2022

Магацин за муниција експлодираше на анексираниот руски полуостров Крим во вторникот. Повредени се најмалку две лица, а железничкиот сообраќај е во прекин.

https://p.dw.com/p/4FaU0
Украина Крим Експлозии
Снимки од експлозиите во рускиот магазин за оружје на КримФотографија: Sergei Malgavko/TASS/IMAGO

По вторпат за една недела на полуостровот Крим, кој беше анексиран од Русија, се случуваат мистериозни експлозии. Утрово експлодираше магацин за муниција и беа повредени најмалку две лица.
Околу 2.000 луѓе се евакуирани од регионот, соопшти локалниот гувернер. Видео снимки од пожарот и експлозиите објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад и оган на местото додека во позадина одекнуваат повеќекратни експлозии.
„Окупираниот Крим од Русите стана место каде експлодираат магацини и постои голем ризик од смрт за окупатори и крадци“, објави на Твитер советникот на украинскиот претседател Михајло Подолјак, но неговата земја досега не презеде одговорност за нападот. 

Руското министерство за одбрана соопшти дека избувнал оган „на место каде што привремено се чувала муниција за една воена единица“. „Поради пожарот, експлодираше муницијата во магацинот“, велат во Москва, но не ги соопштуваат причините за пожарот. 

Случајни експлозии 

Регионот каде што одекнаа експлозиите е на северот на полуостровот, на околу 50 километри од регионот Херсон во јужна Украина кој е окупиран од Русија. Украинската армија последните недели започна серија напади во регионот, напаѓајќи ги логистичките рути и мунициски магацини на Русија. 

Украина Крим Експлозии
Снимки од експлозиите во рускиот магазин за оружје на КримФотографија: REUTERS

Рускиот гувернер на Крим, Сергеј Аксионов соопшти дека освен масовната евакуација на локалните жители во регионот, во прекин е и железничкиот сообраќај поради оштетување на пругата.

Минатата недела, серија експлозии во воздухопловната база Саки на Крим уништија најмалку девет руски воени авиони. Руската армија тврдеше дека се работело за случајна експлозија на муниција, но сателитските снимки покажуваат големи кратери на теренот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи