Можат ли студентите да си дозволат патувања? – DW – 7.09.2023
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можат ли студентите да си дозволат патувања?

Бранкица Смиљаниќ
7 септември 2023

Стандардот на студентите во земјите од Балканот не е висок. Како тие се снаоѓаат со пари за патувања и можат ли тоа да си го дозволат? #dw_BalkanBooster

https://p.dw.com/p/4W2lI

Дали студентите можат да си дозволат да патуваат? Прашањето им го поставивме на студенти од Сараево, Босна и Херцеговина, и еве ги нивните одговори:

„Не отидов никаде специјално на патување, бидејќи моите родители треба да ме финансираат. Мислам дека на студентите, особено на оние кои студираат на малку потешки факултети, им е потешко да работат и да студираат истовремено.“

„Пред две години патував во Турција со студентски походи, имаше некои студентски попусти, пристапни студентски цени, тоа се некои организирани патувања. А, освен тоа, некои самостојни патувања, ако малку ми помогнат родителите и малку стипендијата и ако самостојно заработувам по нешто секоја година надвор од државата, некои патувања се остварливи“.

„Досега одев на патувања така што ми плаќаа родителите, и тоа е навистина тешко. Затоа би сакала да работам за да им олеснам барем малку и би сакала да можам да си дозволам нешто со своја заслуга.

„Патувам со родителите и досега родителите ми ги финансираа патувањата. Засега не планирам да се вработам за време на студирањето.“

„Јас се занимавам со дигитален маркетинг и управувам со различни профили на Инстаграм, така што тоа ми овозможува да ги плаќам своите патувања.“

„Јас лично, фала му на Бога, врз основа на моите ангажмани можам да си дозволам да патувам веќе извесно време и за моето семејство.

Патување за подобро запознавање на Европа

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема