Повторно зголемена основната каматна стапка во САД – DW – 23.03.2023
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Повторно зголемена основната каматна стапка во САД

СН/агенции
23 март 2023

И по турбуленциите во банкарскиот сектор во земјата, Централната банка на САД продолжува со својот каматен курс. Во борбата против инфлацијата таа ја зголеми референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

https://p.dw.com/p/4P6GN
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел го образложува новото зголемување на референтната каматна стапка
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел го образложува новото зголемување на референтната каматна стапкаФотографија: Olivier Douliery/AFP/Getty Images

Американските Федерални резерви (ФЕД) ја зголемија референтната каматна стапка за 0,25 отсто обидувајќи се да се изборат со упорно високата инфлација, додека истовремено се занимаваат со ризиците за финансиска стабилност.

По деветото зголемување во рок од една година, референтната каматна стапка во САД сега е на ниво од 4,75 до 5 проценти, што е највисока од 2007 година, а до крајот на годината е планирано уште едно зголемување од 0,25 насто.  Првиот човек на ФЕД, Џером Пауел јасно стави до знаење дека ФЕД ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки доколку е потребно.

Во соопштение од ФЕД признаа дека недамнешните превирања на финансиските пазари влијаат на инфлацијата и на економијата. Со оглед на банкротот на Банката во Силиконската долина (СВБ), ФЕД во соопштението се обиде да ја зајакне довербата во банкарскиот сектор:  „Американскиот банкарски систем е здрав и отпорен, но недамнешните случувања веројатно ќе резултираат со построги кредитни услови за домаќинствата и за компаниите и ќе влијаат на економската активност, вработувањето и на инфлацијата“, се наведува во соопштението. 

Чувар пред зградата на Банката на Силиконската долина во Санта Клара, Калифорнија
Чувар пред зградата на Банката на Силиконската долина во Санта Клара, КалифорнијаФотографија: Justin Sullivan/AFP/Getty Images

Претставниците на ФЕД сега предвидуваат подлабоки кратења во економијата во наредните две години и веруваат дека реалниот БДП ќе порасне за 0,4 отсто годинава, што е помалку од претходните проекции од 0,5 насто. Во наредните години предвидуваат дека економијата ќе порасне за 1,2 отсто, што е за 0,4 насто помалку од она што го најавија во декември.

Невработеноста се очекува да биде помала од очекуваната и до крајот на годината да падне на 4,5 отсто, од проектираните 4,6 насто во декември. Спротивно на тоа, инфлацијата би можела да остане повисока од очекуваното, а претставниците на ФЕД предвидуваат дека оваа година би можела да достигне 3,3 отсто.

Претходно се предвидуваше дека инфлацијата ќе биде 3,1 насто во 2023 година, а цел е таа и натаму да се сведе на два отсто.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема