Лавров: Кина може да свика мировна конференција за Украина – DW – 30.05.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Лавров: Кина може да свика мировна конференција за Украина

ЕМФ / ртр
30 мај 2024

Русија ја внесе Кина во игра како можен домаќин на евентуална мировна конференција за завршување на војната во Украина.

https://p.dw.com/p/4gRMV
Кина Пекинг Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со својот кинески колега Ванг Ји
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со својот кинески колега Ванг Ји во Пекинг, 9.04.2024Фотографија: Russian Foreign Ministry via REUTERS

Кина би можела да свика мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската новинска агенција РИА. Таквиот чекор, според него, би бил продолжување на напорите на владата во Пекинг да најде решение за украинската криза. Русија, вели Лавров, го дели ставот на Кина дека, пред сè, мора да се решат причините за конфликтот и да се заштитат правните и безбедносните интереси на сите страни.

„Би сакал повторно да нагласам дека тоа значи почитување на реалноста на теренот, која ја отсликува волјата на луѓето што живеат таму“, нагласува Лавров во интервјуто.

Русија и Кина по почетокот на војната во Украина дополнително ја проширија својата блиска соработка.

Русија постојано повикува на разговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во источна Украина. Киев го отфрла овој пристап. Како дел од својата инвазија која започна пред повеќе од две години, Русија анектираше четири украински региони на исток и југ, како и полуостровот Крим во 2014 година.

Украина, од друга страна, во својот мировен план повикува на целосно повлекување на руските трупи и обновување на меѓународно признатите граници. Во средината на јуни, на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Швајцарија е домаќин на мировна конференција на која Русија не учествува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема