Кина и Белорусија договорија засилена соработка – DW – 23.08.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина и Белорусија договорија засилена соработка

ЕМФ | агенции
23 август 2024

Кина и Белорусија се договорија за уште поблиска соработка во области како што се трговијата, безбедноста, енергијата и финансиите.

https://p.dw.com/p/4joSu
Кинескиот премиер Ли Кијанг
Кинескиот премиер Ли Кијанг (архивска фотографија)Фотографија: Lukas Coch/AP/picture alliance

Во изјава објавен по средбата на кинескиот премиер Ли Кијанг и белорускиот премиер Роман Головченко се вели дека Кина и Белорусија имаат намера да ја зајакнат и онака блиската соработка во делот на трговијата, безбедноста, енергијата и финансиите.

Според весникот „Чајна Дејли“, Ли, за време на неговата посета на Белорусија, ги пофалил односите меѓу двете земји кои останале динамични во изминатите 32 години и покрај промените во светот. Кина, по Русија, е втор најголем трговски партнер на Белорусија. Билатералната трговија минатата година изнесувала над 8,4 милијарди долари, пишува „Чајна Дејли“.

Белорускиот властодржец Александар Лукашенко ја посети Кина двапати минатата година и во декември даде уверување дека е „доверлив партнер“ на Пекинг. Во јули, Белорусија беше примена во Шангајската организација за соработка, која ги вклучува Русија, Казахстан, Индија, Кина, Киргистан, Пакистан, Таџикистан, Узбекистан и Иран.