Германија: Предупредување на руски сајбер напади – DW – 9.09.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Предупредување на руски сајбер напади

ЖА
9 септември 2024

Сојузната служба за заштита на Уставот предупредува на напади на руски хакери врз државите од ЕУ и институции на западната воена алијанса НАТО.

https://p.dw.com/p/4kPpG
сајбер напади
Германија: Предупредување на руски сајбер нападиФотографија: Tim Goode/empics/picture alliance

Во информација објавена во понеделник наутро (09.09.2024) на социјалната платформа X,  германската Сојузна служба за заштита на Уставот заеднички со меѓународните партнери предупредува за  актуелни сајбер напади  од страна на Единицата 29155 на руската воена разузнавачка служба ГРУ. 

Кратката порака е линкувана со соопштението од 5. септември, во кое Сојузната служба за заштита на уставот заедно со американските безбедносни власти и тајните служби информира за глобални  руски сајбер активности.  Според предупредувањето, Единицата 29155 е позната по саботажи и обиди за атентати. Припадниците на оваа единица, меѓу другото, се одговорни за нападот со отров врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка во 2018 година. Оваа единица, позната и како Cadet Blizzard или Ember Bear, стои исто така зад софтвер напади врз украински цели во јануари 2022 година, еден месец пред Русија да ја нападне земјата.

Предупредувањето доаѓа откако Берлин ја обвини Москва за серија сајбер напади против владејачките Социјалдемократи (СПД)  и голем број германски компании во ИТ, логистиката и воздушниот сектор. Нападите вклучуваа кражба и објавување чувствителни податоци.