Една жртва по напад со нож во Ротердам – DW – 20.09.2024
  1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалХоландија

Една жртва по напад со нож во Ротердам

СН/агенции
20 септември 2024

Во холандскиот град, вчеравечер, маж нападнал минувачи со ножеви. Едно лице загина, а едно е тешко повредено. Се уште не е познат мотивот на уапсениот осомничен. Според очевидци, тој извикал „Алаху Акбар“.

https://p.dw.com/p/4kssE
Полициски и возила на брза помош на местото на нападот со нож во холандскиот град Ротердам
Полициски и возила на брза помош на местото на нападот со нож во холандскиот град РотердамФотографија: Media TV/AP/picture alliance

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град Ротердам кога напаѓач, извикувајќи Алаху Акбар, нападнал луѓе со нож, јави утринава холандската јавна телевизија НОС.

Осомничениот за синоќешниот напад кај мостот Еразмо е уапсен и пренесен во болница, како и лицето повредено во нападот.
Очевидци рекле на полицијата дека осомничениот извикувал Алаху Акбар.
Портпаролот на полицијата Весел Столе изјави дека сѐ уште не се познати мотивите за нападот.
Според холандскиот дневен весник Де Телеграф, повикувајќи се на сведоци, напаѓачот имал два ножа, а случаен минувач го удрил напаѓачот со два стапа и успеал да му ги оттргне ножевите.
Сведокот рекол дека прво мислел дека се работи за тепачка, но кога се доближил видел дека напаѓачот држел два ножа и со нив ги прободува минувачите.